Лесно, едноставно и брзо ручече… Наместо ориз во тава, овојпат направете малку поинакво рижото, каде вкусот на пилешкото и павлаката доминираат и го збогатуваат вкусот на сварениот ориз. Имајте добар апетит.
Пилешко рижото
By October 25, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
Лесно, едноставно и брзо ручече... Наместо ориз во тава, овојпат направете …
Ingredients
- 1 кромид (исечкан)
- 300 г пилешко бело месо
- 1 шолја ориз
- 3 шолји вода
- 1 коцка пилешка супа
- 200 мл павлака / крем сирење
- малку сол, вегета, оригано, црн пипер
Instructions
1.Во тава, на малку масло за готвење, запржете го ситно исечканиот кромид.
2.Пилешкото месо исечкајте го на парченца и ставете го во тавата со запржениот кромид.
3.Оризот измијте го и додадете го во тавата. Зачинете со сол, црн пипер, вегета и оригано.
4.Водата загрејте ја и во неа растопете ја коцката супа. Супата постепено додавајте ја во тавата со ориз.
5.Константно мешајте и секогаш кога оризот ќе ја впие супата, повторно додадете од супата.
6.При крај, во супата растопете ја павлаката и додадете ја во оризот. Мешајте се додека течноста не испари.
7.Кога водата ќе испари, рижотото е спремно . Консумирајте го топло.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна