Ви требаат некаде околу 20 минути за да го подготвите ова јадење. Остатокот од времето искористете го за малку хумор и опуштање пред телевизорот со семејството. Можете ли да замислите нешто подобро од тоа?

Пилешко со индиски оревчиња

By Гастронаутка Published: October 9, 2012

    Ви требаат некаде околу 20 минути за да го подготвите ова јадење. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Измешајте го црниот пипер и 50 мл пиво во маринада.
    2. 2.Исечкајте го пилешкото месо во тенки ленти (широки околу 1, а долги 2 см). Додајте го во маринадата и убаво промешајте, а потоа оставете го да отстои барем 15 минути.
    3. 3.Направете го сосот од супата, соја сосот, додадете лажица пиво, малку сол, и шеќер, односно измешајте ги сите состојки во подлабок сад.
    4. 4.Ставете го тавчето (најдобро вок) на оган да се загрее, а потоа додадете го маслото за пржење. Кога ќе се загрее, ставете го исечканиот лук и пропржете го околу 15 секунди.
    5. 5.Потоа додадете ги парчињата пилешко месо, и пиперката исечкана на тенки кругчиња и пржете додека месото не побели (околу 3-4 минути).
    6. 6.Истурете го сосот во тавчето и почекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, додадете го растворениот густин и мешајте постојано додека сосот не се згусти, односно околу 1 минута.
    7. 7.Тргнете го тавчето од оган и додадете ги исечканите ливчиња босилек и индиските оревчиња. Убаво измешајте и послужете го додека е уште топло.