Пилешки батаци и карабатаци со арома на лимон. Неодолив мирис кој се шири низ кујната, како предзнак дека наскоро оброкот е готов и е време да се сервира масата. Добар апетит.

Пилешко со лимон

By Гастронаутка Published: March 17, 2013

    Пилешки батаци и карабатаци со арома на лимон. Неодолив мирис кој се шири …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Одвојте ги батаците од карабатаците, а потоа со нож внимателно направете засек меѓу кожата и месото (да биде како џепче).
    2. 2.Лимонот исечете го на тенки плочки, а потоа во секое џепче ставете по едно парче лимон и 2-3 ливчиња жалфија.
    3. 3.Посолете го пилешкото од сите страни и попрскајте со црн пипер, а потоа наредете ги парчињата месо во тава за печење.
    4. 4.Испрскајте го месото одозгора со малку сок од лимон и посипете го со масло, а во тавата одоколку ставете малку вода (колку да се покрие дното).
    5. 5.Околу парчињата месо поставете ги главичките млад лук, или ставете неколку чешниња стар лук, а преостанатите плочки лимон распоредете ги одозгора или локолу месото.
    6. 6.Печете го месото во рерна на 200 степени околу 40-тина минути или додека не добие убава румена боја, а повремено преливајте одозгора со околниот сос.
    7. 7.Доколку сакате, можете во тавата одоколу да наредите и парчиња компир па да печете се заедно.
    8. 8.Послужете го пилешкото со тестенина, печени компири или мешан зеленчук запржен на малку путер и украсете со малку свеж магдонос.