За оние кои сакаат јадења подготвени на кинески начин, ова е одлична комбинација која мора да ја пробате. Секако дека можете да искористите пиперки во една боја, но имајте предвид дека шаренилото навистина допринесува за одличниот шмек што го има ова јадење.

Пилешко со мед и пиперки

By Гастронаутка Published: April 25, 2014

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

За оние кои сакаат јадења подготвени на кинески начин, ова е одлична …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во подлабок сад, измешајте малку од млекото со густинот додека не се раствори добро, а потоа додадете го остатокот од млекото, соја сосот и медот и добро измешајте.
  2. 2.Добро загрејте вок или друга подлабока тава на силен оган. Додадете половина од путерот, пилешкото и лукот и пржете неколку минути додека месото не зарумени убаво. Префрлете го месото во некоја чинија или сад.
  3. 3.Додадете го остатокот од путерот во тавчето и исечканите пиперки. Пржете 5-6 минути или додека пиперките не омекнат. Потоа намалете ја температурата и вратете го пилешкото во тавата.
  4. 4.Промешајте ја смесата со млеко и додадете ја во тавата. Пржете околу 5-6 минути или додека сосот не се згусне. На крајот додадете малку оцет и повторно промешајте. Послужете со ориз или тестенини.