Лесен и вкусен ручек со пилешко месо, на кој медот и сусамот му даваат посебен шмек. Послужете го со сварен ориз, пире или пак некоја тестенина по желба и уживајте!

Пилешко со мед и сусам

By Гастронаутка Published: April 2, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 1 hr 10 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Лесен и вкусен ручек со пилешко месо, на кој медот и сусамот му даваат …

Ingredients

Instructions

  1. подготовка на сосот1.Во подлабок сад измепајте го сосот од домати, соја сосот, медот, буковецот и кафеавиот шеќер. Мешајте додека смесата не се соедини и шеќерот потполно не се растопи. Кромидот и лукчето исечкајте ги на ситни коцки.
  2. испржете ги кромидот и лукот2.Во подлабоко тенџере ставете го кромидот да се пржи на лажица масло и пржете го додека не стане проѕирен. Потоа додадете го лукчето и пржете уште минута-две.
  3. ставете го месото да се вари со сосот3.Додадетhе ги целите пилешки гради во тенџерето и одозгора истурете ја претходно направената смеса со мед и доматен сос. Додадете околу 120 мл вода и оставете да зоврие течноста.
  4. 4.Поклопете го тенџерето со капак и оставете го пилешкото да се вари околу 1 час. Некаде на половина, првртете го месото од другата страна за да се свари подеднакво.
  5. 5.Додека се вари пилешкото, исечкајте ги младите кромидчиња и запечете го малку сусамот во тавче без масло (додека не ја смени бојата).
  6. 6.Кога пилешкото ќе се свари, извадете го настрана и оставете го да се подолади, а сосот вратете го на оган и почекајте да зоврие.
  7. додадете го растворениот густин7.Растворете го густинот во малку вода и додадете го во сосот. Мешајте додека не ја добиете саканата густина. Издробете го пилешкото месо на помали залачиња, а потоа вратете го назад во сосот. - Shred the chicken breasts into bite size pieces using a couple of forks. Then add the chicken back into the sauce and let it cook until it reaches your desired consistency.
  8. посипете со сусам и млади кромидчиња8.Во чинија ставете малку сварен бел ориз, истурете ја смесата со пилешко одозгора и додадете две-три парчиња лесно обарена брокула. Одозгора посипете со запечениот сусам и кромидчињата.