Ако сакате пилешко месо, тогаш морате да ја пробате оваа комбинација. Совршено лесно за правење, а за вкусот нема ни да дискутираме 🙂
Пилешко со моцарела и пршута
By June 13, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 50 mins
Ако сакате пилешко месо, тогаш морате да ја пробате оваа комбинација. …
Ingredients
- 8 помали пилешки гради
- 8 парчиња пршута (или сланина)
- 200 г моцарела сирење (исечкана на тенки парчиња)
- 1 супена лажица маслиново масло
- 375 мл сос од домати
- неколку ливчиња свеж босилек
- 8 гранчиња свеж рузмарин или мајчина душичка
- малку кујнски коноп или врвка
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. На загрено масло во тавче, ставете го секое парче пилешки гради да се запржи од двете страни по 3-4 минути, или додека да се зарумени.
- 2.Врз секое парче пилешко ставете по неколку кришки моцарела, а потоа замотајте околу со парчето пршута или сланина. Заврзете го секое парче со кујнски коноп или врвка.
- 3.Распоредете го доматниот сос во тавче за печење. Наредете ги подготвените парчиња пилешко одозгора и печете околу 30 минути или додека пилешкото не биде меко.
- 4.Извадете ги печените пилешки гради од рерна и на секое парче ставете по гранче свеж рузмарин или мајчина душичка. Послужете ги топли.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна