Ако правиме листа на омилени јадења тогаш пилешко со ориз е сигурно едно од нив. За секој ден од недалата, кога немате идеја што да каснете. Особено вкусно ако ставите и некој од вашите омилени зеленчуци. И мирис и вкус и многу боја.
Пилешко со ориз и грашок
By November 7, 2013
Published:Ако правиме листа на омилени јадења тогаш пилешко со ориз е сигурно едно …
Ingredients
- 300 г пилешки батаци
- ½ лажичка сол
- ¼ лажичка црн пипер
- 4 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид
- 1 шолја супа
- ½ шолја ориз
- 1 шолја грашок
- 1 црвена пиперка
- ½ лажичка куркума
- ½ лажичка оригано
Instructions
- 1.Пилешките батаци посолете ги, ставете им црн пипер, премачкајте ги со маслиново масло. Запечете ги во тава од обете страни неколку минути додека не поруменат.
- 2.Потоа во истиот сад, додадете го исечканиот кромид, црвената пиперка и ставете го оризот и грашокот. Зачинете со куркума, оригано.
- 3.Додадете ја супата и гответе околку 10 минути, со повремено мешање. Загрејте ја рерната на 170 степени.
- 4.Префрлете ја целата мешавина во тава за печење и печете околу 25 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна