Ова е само една од неколкуте верзии на вакво брзо пилешко кои ги подготвуваме дома. Одлична е во комбинација со пире, со ориз, и со било какви тестенини.

Пилешко со печурки

By Гастронаутка Published: August 7, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 35 mins

Ова е само една од неколкуте верзии на вакво брзо пилешко кои ги …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте го маслото во поголемо тавче за пржење и ставете го месото. Пржете со постојано мешање околу 5 минути или додека парчињата месо не фатат малку боја. Префрлете го месото во друг сад.
  2. 2.Во истото тавче ставете ги кромидот и сланината да се пржат. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги печурките и пржете додека тие малку не омекнат.
  3. 3.Вратете го месото и затворете ја тавата со капак. Оставете да врие на ниска температура околу 15 минути или додека пилешкото не омекне.
  4. 4.На крајот додадете ја павлаката за готвење. Оставете да се загрее, но не да зоврие (околу 3 минути), а потоа тргнете го тавчето од оган, зачинете со зачини по желба, додадете го магдоносот и послужете.