Крцкаво, сочно пилешко месо, зачинето со сланина и кашкавал. А одозгора бешамел сос со сенф. И презла, која овојпат не ни служеше за похување, тука како прелив. Па зарем постои поголема егзотика од ова?

Запечено пилешко со презла

By A.A Published: March 31, 2014

    Крцкаво, сочно пилешко месо, зачинето со сланина и кашкавал. А одозгора …

    Ingredients

    Instructions

    1. Сечкана сланина1.Пилешкото месо сварете го и сечкајте го на лентички. И сланината исечкајте ја на лентички.
    2. Пилешко, сланина и кашкавал2.Тавата за печење премачкајте ја со путер. Најпрвин, ставете го пилешкото, потоа сланината, па одозгора кашкавалот.
    3. Бешамел сос3.Во меѓувреме подгответе го бешамел сосот. Во сад за готвење растопете го путерот и додајте го прашното. Малку запржете го брашното, па додадете го млекото и сокот од лимон. Додадете и сенф, сол, црн пипер, црвен пипер. Подготвениот бешамелот посипете го врз кашкавалот.
    4. Презла со путер4.Во друга тава растопете го путерот, додадете презла, сол и магдонос. И оваа смеса претурете ја врз бешамел сосот.
    5. Испечено пилешко со презла5.Печете во загреана рерна на 180 степени се додека презлата не добие златно кафена боја.
    6. Сервирано во чинија - Запечено пилешко со презла6.Оставете го јадењето да се олади барем 15 минути, па сервирајте го.