Малку поинаква верзија на нашето многу ценето и сакано грне. Овој пат го подготвивме со пилешко-лута комбинација, и да бидеме искрени, беше превкусно!
Пилешко во грне
By June 19, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 60 mins
Малку поинаква верзија на нашето многу ценето и сакано грне. Овој пат го …
Ingredients
- 600 г пилешки гради (исечкани на коцки од 2 см)
- 250 мл пилешка супа (од коцка)
- 1 супена лажица пченкарно брашно
- 2 супени лажици соја сос
- 60 мл коњак или вињак
- 50 мл маслиново масло
- 3 чешниња лук (ситно исечкани)
- 1 супена лажица свеж ѓумбир (изрендан ситно)
- 1 црвена лута пиперка
- малку сол, црн пипер
- малку мешан зачин
Instructions
- 1.Измешајте го пченкарното брашно, соја сосот и коњакот во подлабока чинија. Парчињата пилешко извалкајте ги убаво во оваа смеса, а потоа запржете ги во тава неколку минути или додека не се заруменат.
- 2.Префрлете го пилешкото во грне, а потоа во истото тавче каде што се пржеше месото пропржете го лукчето, ѓумбирот и пиперката исечена на тенки парчиња.
- 3.Додадете ја смесата во грнето, додадете ја супата и ако ви остана нешто од смесата со пченкарно брашно и коњак, затворете го грнето и печете на 200 степени околу 40-тина минути или додека пилешкото сосема не омекне.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна