Прекрасна комбинација која мора да ја пробате. Само да споменеме дека главниот шмек на ова јадење му го дава зачинот во сосот, па затоа предлагаме да си го направите повеќе пати со различни зачини и да видите која комбинација најмногу ќе ви одговара. Пријатен ручек!

Пилешко во сос од сенф

By Гастронаутка Published: March 6, 2014

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 25 mins

Прекрасна комбинација која мора да ја пробате. Само да споменеме дека …

Ingredients

Instructions

  1. 1. Во чинија измешајте го брашното со сол и црн пипер. Тргнете настрана половина кафена лажичка од смесата.
  2. 2.Убаво измачкајте ги пилешките гради во смесата и истресете го вишокот. Во тавче за пржење растопете го путерот на средна температура и пржете го пилешкото околу 10-15 минути додека не омекне и не стане златесто однадвор. Тргнете го и чувајте го на топло.
  3. 3.Во истото тавче ставете ја половината лажичка брашно и пржете околу 30 секунди со мешање. Потоа додадете го виното или супата и варете се додека виното скоро сосема не испари.
  4. 4.Додадете го сенфот и павлаката, а потоа и исечканата мајчина душичка или друг зачин. Зачинете со сол и црн пипер.
  5. 5.Ставете го пилешкото во чинија за послужување и оозгора посипете го со сосот. Послужете со варен зеленчук, ориз, или пире.