Пилешки стекови подготвени на грил тава. Звучи премногу типично. Се согласуваме. Затоа решивме да избегаме од стереотипите и да направиме една вкусна маринада која на пилешкото му два посебен шмек. Пробајте задолжително.
Пилешко во текила маринада
By August 26, 2012
Published:Пилешки стекови подготвени на грил тава. Звучи премногу типично. Се …
Ingredients
- 1 пакување пилешки стек
- 40 мл бела текила
- 2 средни зелени лимони (исцедени)
- ½ лажица маслиново масло
- ½ лажичка црвен пипер
- ½ лажичка ким
- 1 лажичка сув лук
Instructions
- 1.Прво нешто што треба да направите е маринадата. Сите состојки (освен пилешкиот стек) ставете ги во поголем сад кој ќе го користите за маринирање на стековите. Добро измешајте ги состојките за да добиете фина смеса.
2.Ставете го пилешкото во садот со маринадата најмалку два часа да одстои во фрижидер. Повремено превртете ги стековите за да се измаринираат убаво.
3.Печете ги стековите го грил тава од обете страни по неколку минути. При печењето налијте малку од маринадата. Извадете ги стековите, пресечети ги на половинки и потоа повторно врате ги во грил тавата на уште неколку минути. Послужете со додаток и декорација од парченца зелен лимон.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна