Кари сос со пилешко месо е една од најдобрите комбинации која може да ви падне на памет. Утка нема. Едноставен, брз и вкусен ручек, идеален за секоја пригода.

Пилешко во кари сос

By Тетка Биберче Published: May 13, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 50 mins

Кари сос со пилешко месо е една од најдобрите комбинации која може да ви …

Ingredients

Instructions

  1. Сечење на пилешкото месо1.Парчињата пилешки гради исечкајте ги на помали парчиња.
  2. Зачинување на месото со кари2.Зачинете ги со сол, црн пипер и една лажичка зачин кари.
  3. Запржено пилешко месо3.Во тава, на малку масло, запржете ги парчињата пилешко месо се додека не добијат светло кафена боја. Тргнете ги настрана.
  4. Ситно исечкан кромид4.Во истата тава, ставете го ситно сечканиот кромид и запржете го.
  5. Кромид, лук и кари5.Додадете ситно сечкан лук и кари и добро промешајте.
  6. Додавање на пилешката супа6.Откако малку ќе се запржи, додадете ја пилешката супа во која сте додале нишесте.
  7. Густ сос со кари7.Гответе се додека не ја добиете потребната густина.
  8. Додавање на грашок во сосот8.Во тава вратете го запрженото пилешко месо и истурете малу замрзнат грашок.
  9. Додавање на павлака и магдонос9.При крај, додадете лажица павлака и малку сечкан магдонос.