Пинаколадата е официјалниот пијалок во Порторико. Еден е од најпознатите летни коктели со рум и кокос, за кој не мора да патувате дури Карибите за да го пробате. Еве една варијација на тема која е прилично блиска до оригиналниот рецепт.
Пинаколада
By August 15, 2012
Published:Пинаколадата е официјалниот пијалок во Порторико. Еден е од најпознатите …
Ingredients
- 30 мл бел рум
- 30 мл млеко од коскос (како замена Малибу ликер)
- 90 мл сок од ананас
- парчиња свеж ананас за декорација
- дробен лед, или во коцки
Instructions
- 1.Во шејкер додадете неколку коцки мраз. Можете да користите и дробен мраз.
- 2.Врз мразот истурете по 30мл бел рум, млеко од кокос или Малибу ликер како замена. (Препорака е да користите млеко од кокос зошто ја дава потребната густина. )
- 3.Додадете го сокот од ананас и добро протресете го шејкерот.
- 4.Целата смеса од шејкерот процедете ја во убава чаша, декорирајте со парченца свеж ананас и на здравје.