За многумина ова е само подсетување на едно од нашите преубави традиционални јадења. И благодариме на Валентина што ни го испрати овој рецепт и не потсети на неодоливиот вкус на традицијата.

Пинџур од суви пиперки и компири

By Валентина Крстевска Published: September 18, 2015

    За многумина ова е само подсетување на едно од нашите преубави …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад за варење на дното поставете ги убаво измиените суви пиперки. Врз нив наредете ги убаво измиените компири (со лушпата). Сварете ги на тивок оган.
    2. 2.Извадете ги компирите од врелата вода за малку да се подоладат (за полесно да ги излупите). На пиперките извадете им ги дршките, исечкајте ги ситно и заедно со празот ставете ги во сад за толчење.
    3. 3.Излупете ги и компирите и додајте ги кај пиперките и празот. Посолете малку и убаво истолчете ја смесата. Ако е потребно, досолете.
    4. 4.Загрејте го маслото за јадење за кога ќе го додавате во смесата да чврчори. Убаво промешајте и уживајте.