Eдно од нашите омилени македонски традиционални мезиња, кое секогаш е згодно да го има на маса. Посебно уживаме во пинџур намачкан врз топло или потпечено лепче со сирење. Нема ништо подобро од ова. Добар апетит.
„Летен“ пинџур за 4 сезони
By September 29, 2013
Published:Eдно од нашите омилени македонски традиционални мезиња, кое секогаш е …
Ingredients
- 2 кг зелени пиперки
- 1 кг домати
- 1 модар патлиџан (поголем)
- 3-4 чешниња лук
- масло за готвење
- малку сол
Instructions
- 1.Пиперките се печат, се ставаат во пластична кеса и откако малку ќе се оладат се лупат и им се вадат семките. Во кесата тие се задушуваат и полесно се лупат. Доколку одберете темно зелени пиперки тогаш пинџурот ќе биде малку потемен.
- 2.Доматите се попаруваат со врела вода, се оставаат 2-3 минути да постојат во водата и пото лесно се лупат. Се сечкаат на не многу ситни парчиња, се сместуваат во тенџере, се ставаат на оган и се пржат додека течноста скоро исчезне но не смее да се со дозволи да се испари целата течност
- 3.Модриот патлиџан се пече на силен оган и се сече на парчиња.
- 4.Излупените пиперки, испрчениот домат и испечениот црн патлиџан се ставаат во блендер и се блендираат додека се иситни целата смеса, но не смее таа да изгледа како каша, треба да се забележуваат мали парчиња од пиперките.
- 5.Со вака добиената смеса може да се постапи на два начина: 1. Еден дел може да се смести во соодветен сад и да се смрзне, за зима или рана пролет, или кога ќе биде потребен, 2. Може да се спреми за јадење. Во тој дел се додава изгмечен лук, сол и масло според вкусот. Маслото може да се загрее, но и не мора (вака е поздраво). Добро се меша со дрвена лажица и уште така топол може да се консумира.
- 6.Напомена: Доколку сте љубител на лут пинџур, тогаш може да се испече и некоја лута пиперка или едноставно на крај да се додаде лут буковец.
- Cuisine: Зимница
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна