Ако за некој зеленчук може да се каже дека е потценет и не се користи доволно во секојдневната исхрана тоа слободно може да се каже за цвеклото. Иако важи за еден од најздравите зеленчуци богат со многу витамини и минерали, мал е бројот на оние гурмани кои го користат во исхраната. Затоа, еве еден рецепт кој ќе ја обогати вашата трпеза.

Пире од цвекло

By Тетка Биберче Published: November 15, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Ако за некој зеленчук може да се каже дека е потценет и не се користи …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Цвеклото и компирот добро измијте ги. Ставете ги во плех за печење, посипете ги со малку маслиново масло и посолете. Оставете ги да се печат на 190 степени околу еден час или се додека не омекне цвеклото.
  2. 2.Испечените компири и цвекло оставете ги да се оладат, потоа излупете ги и исечкајте на ситни парченца.
  3. 3.Во блендер ставете го цвеклото заедно со лукчето, мелените ореви, малку магдонос и 50 мл маслиново масло. Блендирајте се додека не добиете компактна, фина смеса.
  4. 4.Во друг сад, изгмечете ги компирите со останатото маслиново масло. Двете смеси помешајте ги и зачинете со сол и црн пипер.