Пита за мерак. Едноставна за приготвување, се прави многу брзо, а идеална со чаша јогурт. Може да биде и главно јадење, но за оние со поголем апетит супер е и како предјадење. Добар апетит.
Пита гужвара
By October 30, 2013
Published:Пита за мерак. Едноставна за приготвување, се прави многу брзо, а идеална …
Ingredients
- 500 г кори за пита
- 400 г сирење
- 4 јајца
- 1 дл кисела вода
- 1 дл масло за јадење
- 1 чаша павлака
- малку сол
Instructions
- 1.Јајцата и киселата вода изматете ги, а потоа додадете ги сите останати состојки. Убаво измешајте за се добро да се соедини.
- 2.Подмачкајте го плех со масло, ставете една кора на дното на плехот, а потоа две кори згужвајте ги и бркнете ги во филот.
- 3.Распоредете ги преку првата кора и поклопете со следна кора. Повторно ставете две кори згужвани кои претходно сте ги бркнале во филот.
- 4.Повторно прекријте со една кора и се така додека не се потрошат корите и филот.
- 5.Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна