Само што ја извадив питата од рерна сите се наредија наоколу со тањир во раце спремни кој попрво да земе парче. Толку е вкусна што нема да ме зачуди ако почнат и комшии на врата да се појавуваат.
Пита компируша
By March 20, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Само што ја извадив питата од рерна сите се наредија наоколу со тањир во …
Ingredients
- 1 кг компири
- 1 главица кромид
- малку сол, црн пипер, вегета
- 200 г пченкарно брашно
- 300 г брашно
- 1 лажичка сол
- 150 мл вода
- 200 мл кисела павлака
Instructions
- 1.Компирите ги миеме, лупиме и рендаме а главицата кромид ситно ја сечкаме. Во сад, ги мешаме и зачинуваме со сол,црн пипер и вегета.
- 2.Во друг подлабок сад го ставаме брашното, пченкарното брашно, солта, налеваме вода и месиме. Откако ќе добиеме фина, компактна смеса го делиме тестото на 4 дела.
- 3.Од секое парче формираме топка. Од првата топка тесто со сукалка развлекуваме кора и врз кората нанесуваме од филот од компири и кромид. Кора ја виткаме во ролат.
- 4.На истиот начин ги формираме сите 4 ролати.
- 5.Тава за печење ја премачкуваме со масло. Ролатите ги редиме во круг и попрскуваме со масло. Печеме на 180 степени, 30 минути.
- 6.Павлаката ја мешаме со 50 мл врела вода и со лажица ја нанесуваме врз испечената пита. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 10 минути на иста температура. Питата се покрива и се остава да се олади. Добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна