Откако го прочитав извонредниот текст за рогачот веднаш посакав да ви презентирам еден необичен рецепт.
Ова е Молатски специјалитет, а рецептот прилагоден од оригиналниот рецепт на г-ѓа Сенка Јовиќч од островот Молат(Хрватска). Вашето непце долго време ќе го памети овој спој на вкусови, незаборавно нешто, повелете како да си го спремате овој специјалитет .
Пита од смокви и рогач
By February 27, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 60 mins
Откако го прочитав извонредниот текст за рогачот веднаш посакав да ви …
Ingredients
- 150 г путер (или маргарин) (состојки за тесто)
- 100 г шеќер (состојки за тесто)
- 1 пакетче екстракт од ванила (состојки за тесто)
- 300 г брашно тип 500 (состојки за тесто)
- 1 лажица рендана кора од лимон (состојки за тесто)
- 1/2 пакетче прашок за пециво (состојки за тесто)
- 2 јајца (состојки за тесто)
- 1 лажица кисела павлака (состојки за тесто)
- 500 мл млеко (состојки за фил)
- 100 г шеќер (состојки за фил)
- 1 пакетче бурбон ванила (состојки за фил)
- 120 г гриз (состојки за фил)
- 120 г рогачево брашно (состојки за фил)
- 1 лажица рендана кора од лимон и портокал (вкупно две лажици) (состојки за фил)
- 50 г путер (или маргарин) (состојки за фил)
- 3 јајца (состојки за фил)
- 400 г свежи смокви ( или 150 г мармалад од смокви) (состојки за фил)
Instructions
1.ПРИПРЕМА НА ТЕСТО: Пенесто изматете путерот/маргаринот со шеќерот, ванилата и наренданата кора од лимон. Наизменично додавајте го брашното измешано со пецивото и јајцата, измешајте, додадете ја киселата павлака и повторно измешајте да добиете хомогена смеса. Префрлете го тестото на побрашнета површина и домесето го, замотајте во пластична фолија, оставете го во фрижидер да одстои најмалку 2 часа.
2.ФИЛ: Зовријте го млекото со шеќерот и ванилата, за кратко тргнете од огнот - додадете го гризот, измешајте го и вратете на огнот да го доварите. Тргнете од огнот и додајте го рогачевото брашно измешано со ренданата кора од лимон и портокал, оставете малку да олади по што се додаваат путерот/маргаринот и јајцата. Измешајте.
3.Завршниот дел од колачот: На фолија расукајте го тестото, а на површината додека го суката ставете посип од брашно за да не ви се залепи за оклагијата - сукалката. Расукајте кора во големина на модлата од 26 см. а висина најмалку од 5 см., Намотајте ја кората на оклагијата и лесно префрлете ја во модлата постилајки го дното, а од страните подигнете го тестото да направите зид. Вишокот од тесто тргнете го настрана. Врз кората наредете ги исечени на кругови смоквите (или намачкајте го мармаладот), прелијте го филот, порамнете и ставете да се пече во предходно загреана рерна на 170 степени. По 20 мин, од печењето извадете го колачот, од остатокот на тесто напрвете траки, наредете ги врз колачот, по желба премачкајте со жолчка, а и не мора, вратете назад во рерната да се допече за кое нешто е потребно уште 20 мин.
4.Послужете со топол напиток и посакувам да во тој момент навистина уживате!
5.НАПОМЕНА: Наместо путер слободно користете и маргарин. Користете свежи смокви додека ги има, а во зима ќе ги замениме со мармаладот.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна