Кога станува збор за тиква, постојат две групи на луѓе, оние кои просто ја обожаваат и оние кои никогаш не би ја вкусиле. Доколку сте од оние првите, ви приготвивме вкусна домашна слатка пита од тиква. Добар апетит!

Пита од тиква

By Лиле Андреева Published: November 3, 2012

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 35 mins

Кога станува збор за тиква, постојат две групи на луѓе, оние кои просто ја …

Ingredients

Instructions

  1. Фил од тиква1.Тиквата се лупи и се ренда на крупната страна од рендето. Во соодветниот сад се става ренданата тиква, се додава гризот, шеќерот и циметот и сето тоа добро се измешува. Напомена: тиквата е сирова, не е варена.
  2. Попрскување на кори2.На работната маса се раширува една кора, се попрскува со масло, врз неа се реди втора кора и таа се попрскува со масло.
  3. Виткање на корите3.На едниот крај од корите се реди филот. Горниот слој од корите на брзина се прскаат со малку вода, спротивно, тенките кори бргу ќе се навлажнат и ќе се залепат. Откако се испрскани корите, се виткаат во ролат.
  4. Исечени кори спремни за печење4.Ролат се реди во тава, претходно премачкана со масло. На ист начин се постапува со сите кори. Со остар нож се сечат парчињата и се прскаат со малку масло.
  5. Испечена пита5.При печење корите обично пукаат, па за да не се намали тоа, испрскај те ги со вода пред да се испрскаат со маслото. Тикварникот се пече во згреана рерна на 210 степени околу 15-тина минути додека горниот слој зарумени.
  6. Испечена пита6.Мал совет. Тиквата што сте ја купиле пробајте ја и доколку утврдите дека е блага, тогаш намалете од дозата за шеќерот. Гризот се става за да се впие вишокот течност кој настанува за време на печењето.