Крцкава пита што се топи во уста….со малку кисело млеко или без, онака како што сакате. И што е најдобро, доаѓа во милион комбинации. Нашата читателка Ана Ристовска која ни го испрати овој рецепт вели дека освен со брокулата,  одлично оди и со спанаќ, исечкани зелени стракчиња од млад кромид, само јајца и сирење, изрендан кашкавал со малку кечап, со или без шунка и така натаму, и така натаму…. Ако се сетите на уште некоја варијација на темава, пишете ни! Во меѓувреме,  ви посакуваме добар апетит!

Пита со брокула

By Ана Ристовска Published: December 1, 2012

    Крцкава пита што се топи во уста....со малку кисело млеко или без, онака …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Загрејте го тавчето на умерен оган, а потоа додадете го маслиновото масло, па кромидот и пржете додека кромидот не стане проѕирен.
    2. 2.Додадете го лукчето и ситно исечканата брокула и пржете околу 3 минути или додека брокулата не почне да омекнува. Сепак внимавајте, бидејќи брокулата не смее да се препржи и треба да ја задржи убавата зелена боја.
    3. 3.Зачинете со сол и црн пипер, и додадете го сокот од лимон. Тргнете го тавчето од оган и оставете го да се олади.
    4. 4.Кога ќе се олади, додадете го јајцето, потоа изренданото или издробено сирење и се убаво измешајте.
    5. 5.Поставете една кора на рамна и чиста површина, потоа со четка целосно намачкајте ја со растопениот путер. Врз неа поставете уште една кора и испрскајте ја со минералната вода.
    6. 6.Ставете две супени лажици од смесата со брокула во средината на кората (по ширина) и блиску до едниот крај (по должина).
    7. 7.Преклопете ја прво едната страна од кората врз филот, а потоа и другата врз неа.
    8. 8.Наредете ги питичките во тавче врз хартија за печење и премачкајте ги одозгора со растопениот путер.
    9. 9.Печете ги во загреана рерна, на 200 степени, околу 20-25 минути, или додека убаво не заруменат и добијат коричка.
    10. 10.Забелешка: Можете одозгора да ги попрскате со минерална или обична вода за да бидат покрцкави.