Понекогаш за добар ручек не е потребно само добар рецепт. Со малку желба, малку фантазија и малку знаење, остатоците во фрижидерот може да ги претворите во интересен и вкусен ручек…
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Пита со колбаси и печурки
By September 26, 2013
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 55 mins
Понекогаш за добар ручек не е потребно само добар рецепт. Со малку желба, …
Ingredients
- 300 г брашно
- 1 јајце
- 120 г маргарин (омекнат)
- 1-2 лажици вода (ладна)
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 150 г свежи печурки
- 3-4 колбасици
- 200 мл павлака за готвење
- 2 јајца
- малку сол, црн пипер и мајчина душица
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Брашното измешајте го заедно со јајцето, омекнатиот и исечкан на коцки маргарин, водата, прашокот за пециво и солта. Замесете тесто, завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем половина час.
- 2.Печурките измијте ги и исечкајте ги. Колбасиците исечкајте ги и ставете ги во тава, на малку масло за готвење, да се запржат. Додадете ги и печурките и зачинете со сол, црн пипер и мајчина душица.
- 3.Тавата тргнете ја од оган и додадете ја павлаката и две изматени јајца.
- 4.Тестото расукајте го во круг поголем од тавата за печење.
- 5.Тавата премачкајте ја убаво со маргарин и во неа ставете го расуканото тесто. Со раце притиснете го тестото и од страните тргнете го вишокот тесто.
- 6.Врз тестото истурете го филот од печурки и колбаси.
- 7.Остатокот од тесото повторно расукајте го и сечете го на тенки ленти. Лентите редете ги врз филот.
- 8.Питата печете ја во рерна околу 25 до 30 минути или се додека не добие златникава боја. Оставете ја малку да се олади и слободно навалете. Имајте добар апетит!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна