Јас ова го спремам за доручек, а мојата пријателка Ана- по чиј рецепт ја спремам оваа пита ја препорачува како мезе за со пиво… хм… зошто пак да не, спојот на месото и компирот даваат убав вкус збогатен со фантот.
Пита со месо
By June 6, 2013
Published:Јас ова го спремам за доручек, а мојата пријателка Ана- по чиј рецепт ја …
Ingredients
- 4 листови кори за пита
- 300 г мелено месо
- 300 г компир
- 2 лажици ФАНТ мешавина за полнети пиперки и сарми
- малку сечкан магаданос
- 60 г маргарин (растопен)
- 200 мл вода
Instructions
- 1.Спремете филот: Меленото месо измешајте го со на коцки исечениот компир, магданосот, додадете растворениот Фант за полнење на пиперки и сарми, додадете сол на вкус.
2.Загрејте малку зејтин и попарете го вака добиениот фил. Распоредете од филот на кората, попрскајте одозгора со стопениот маргарин, замојтајте во ролат одкај тесната страна на кората. Така постапете и со остаатите кори
- 3.Ставете во плекче една до друга, попрскајте ги со остатокот од стопениот маргарин, печете на 200 степени околу 30 мин. Кога веке е печено извадете плекчето од рерната, попрскајте одозгора со топлата вода - вратете назад да се допече. Пријатен доручек.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна