Во моментите кога се досадувате по дома, а ви се јаде вкусен домашен деликатес, имаме идеја како да ја задоволиме вашата гурманска желба, а воедно и да ви го пополниме слободното време. Пригответе домашна пита со месо.

Пита со месо

By Тетка Биберче Published: October 13, 2012

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Во моментите кога се досадувате по дома, а ви се јаде вкусен домашен …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Во поголем сад измешајте го растопениот путер со павлаката, јајцето, ½ лажичка сол и сода бикарбона.
  2. Подготовка на тесто - формирање на топчиња2.Додадете 2/3 од брашно и месете се додека не добиете фина смеса. Доколку ви се чини лепливо, додадете го и останатото брашното (најмногу зависи од павлаката, доколку таа е потечна се додава повеќе брашно) . Тестото поделете го на два дела, покријте го и оставете го да се одмори.
  3. Подготовка на месото3. Меѓувреме подгответе го месото. Кромидот исечкајте го на ситни парченца. И месото исечкајте го на мали коцкици.
  4. Подготовка на месотот- зачинување4.И компирот исечкајте го на ситни парченца. Во смеата додадете сол, црн пипер и ким и добро промешајте ја.
  5. Полнење на тестотот со филот5.На набрашнета површина, топчињата тесто исукајте ги во форма на правоаголник. Едното тесто ставете го на плехот за печење, одозгора ставете од месото водејќи сметка краевите да се чисти, па ставете го и другото тесто.
  6. Полнење и премчкување на тестотот6.Краевите на тестото завиткајте ги навнатре, тестото одозгора засечете го на неколку места и премачкајте го со изматено јајце (или само жолчка).
  7. Пита со месо7.Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 до 40 минути или се додека не добиете убава златно кафена боја. Питата оставете ја да се здуши неколку минути, па сервирајте ја.