Крцаво, тенко тесто приготвено на француски начин наполнето со слатки праски и мелени лешници. Одличен десерт за појадок со шолја чај или за попладневна слатка ужина со кафенце. Задолжително пробајте!

Пита со праски и лешници

By Гастронаут Published: August 21, 2012

    Крцаво, тенко тесто приготвено на француски начин наполнето со слатки …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на тестото1.Во поголем сад измешајте ги заедно брашното, шеќерот и солта. Додадете путер и вода. Постојано мешајте се додека тестото не се соедини. Внимавајте, за да колачот биде крцкав, тестото не треба да биде премесено, односно добро е да има рапава структура.
    2. Подготовка на праските2.Нектарините добро измијте ги, извадете им ги семките и пресечете ги на половики, а потоа и на тенки парченца. Лешниците убаво измелете ги. Додадете шеќер.
    3. Наредени праски3.На тенко исуканото тесто, во круг наросете од мелените лешници и ставете ги парченцата праски. Потрудете се околу естетиката, верувајте ќе се исплати кога ќе го видите финалниот резултат.
    4. Колач спремен за печење4.Внимателно преклопете ги краевите на тестото. Крајниот дел од праските нека ви служат како граничник. Убаво притиснете. Премачкајте со растопен мед, а одозгора наросете кафеав шеќер. Печете во добро загреана рерна 50 минути.