Направете превкусна домашна слатка пита за чија подготовка ќе искористите компот и пудинг. Ако случајно не сте љубител на праски, слободно искористете компот по ваш избор…
Пита со пудинг и компот од праски
By January 30, 2014
Published:Направете превкусна домашна слатка пита за чија подготовка ќе …
Ingredients
- 400 г компот од праски (малку исцедени од сокот и грубо исечкани) (состојки за фил)
- 1 кесиче пудинг од ва
- 3 лажици шеќер
- 200 мл слатка павлака
- 250 мл млеко
- 300 г брашно (состојки за тесто)
- 80 г шеќер
- 1 кутивче ванила кристали
- прстофат сол
- 100 мл масло за готвење
- 100 мл млеко
- 150 г несолена урда
- 1 пакетче прашок за пециво
- малку млеко за премачкување
- по желба крупен шеќер (перла шеќер) или грубо столчени коцки шеќер
Instructions
- 1.Во дел од млекото измешајте го прашокот за пудинг и шеќерот, внимавајчи да не останат грутчиња. Остатокот од млекото и павлаката зовријте ги, а потоа на вообичаен начин сварете густ пудинг. Откако ќе се згусне, пудингот прекријте го со најлонска фолија за да не се направи коричка додека целосно да се олади.
- 2.За тестото: Сите состојки замесете ги во нежно тесто. Одвојте третина од тестото и оставете го за горната кора, а од поголемото тесто, рассукајте кора со пречник околу 28-30 см. Префрлете ја преку ниска тава со пречник 26 см.
- 3.Преку ова тесто ставете го пудингот оставајќи по 1-2 см по рабовите без фил, преку него додадете ги праските, па на крајот претходно рассуканата горна кора. Рабовите од долната кораубаво прицврстете ги заедно со оние од горната.
- 4.Премачкајте со малку млеко и печете на 175 степени најмногу 40-тина минути во претходно загреана рерна. Пред крајот на печењето, уште еднаш премачкајте со малку млеко и наросете од шеќерот кој сте го избрале.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна