Домашна пита со сирење, рецепт на нашата читателка Искра. Освен што мами на поглед, сигурна е превкусна. Бидејќи редакциски обожаваме пита ветуваме дека ќе ја направиме и тоа во дупла доза за да не се случи за некој да снема парче.
Пита со сирење
By October 6, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Домашна пита со сирење, рецепт на нашата читателка Искра. Освен што мами …
Ingredients
- 600 г брашно
- 3 јајца
- 250 мл млака вода
- 10 г свеж квасец
- 1 лажичка сол, шеќер
- 500 г сирење
- 100 г растопен путер
- 3 јајца (прелив)
- 200 мл млеко (прелив)
Instructions
1.Во сад ставете го квасецот, додадете шеќер, малку млака вода и оставете го да нарасне. Во друг сад измешајте го брашното, јајцата, солта, остатокот од водата, ставете го квасецот и мешајте се додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. Оставете го да стаса.
2.Стасаното тесто поделете го на 5 топки. Секоја топка расукајте ја во круг со дијаметар од околу 25 см, премачкајте ја со стопен путер и наросете 100 г сирење.
3.Тестото свиткајте го во ролна, а потоа во форма на полжав ставете го на средина на плех кој претходно сте го намачкале со путер.
4.Постапката повторете ја и со останатото тесто така што секое ролувано тесто ќе го поставувате спирално околу претходното тесто. Вака подготвено оставете го барем 30 минути повторно да нарасне.
5.Изматете ги јајцата со млекото и прелијте ја питата. Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 40 минути.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна