Уште еден превкусен рецепт на стариот нотес на баба. Пита во форма на венец која често ни ја правеше за сите поголеми празници, слави и родендени. Мирис на печена пита која ме врати во детството.

Пита венец

By Тетка Биберче Published: March 31, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Уште еден превкусен рецепт на стариот нотес на баба. Пита во форма на …

Ingredients

Instructions

  1. Замесено тесто1.Со пластичен сад ставете го брашното, зејтинот, солта, прашокот за пециво, млакотото млеко и квасецот. Замесете тесто.
  2. 24 топчиња2.Тестото не мора да стасува, од него веднаш може да се вадат топчиња. Поделете го го тестото на 24 еднакви топчиња.
  3. Редење на крукчињата во тава3.Секое топче расукајте го во форма на круг. Растопете го маргаринот. Секое крукче премачкајте го и ставете го во тавче за печење (26).
  4. Премачкан со останатиот маргарин4.Откако сите крукчиња ќе бидат наредени премачкајте ги одозгора со преостанатиот маргарин.
  5. Венец намачкан со јајце5.Оставете го тавчето за печење на собна температура барем половина час, тестото да поднарасне.
  6. Венец подготвен за печење6.Штом ќе подпорасне, премачкајте ја питата со жолчка и наростете сусам.
  7. Испечен венец7.Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Внимателно извадете го венецот и послужете го. Добар апетит.