Добро познатите питулици на малку поинаков начин. Вака подготвени со вкусен ајдамер и крцкава сланина ќе им отворат апетит и на оние што не се гладни. Откако ќе ги пробаат сите ќе бараат репете.

Питулици со кашкавал и сланина

By Тетка Биберче Published: August 13, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 40 mins

Добро познатите питулици на малку поинаков начин. Вака подготвени со …

Ingredients

Instructions

  1. Тесто1.Помешајте го брашното и пченичното брашно. Додадете вода , сол, шеќер и квасец. Месете се додека не добиете мазно тесто. Оставете го да остои 15 до 20 минути.
  2. Топчиња од тесто2.Малку стасаното тесто поделете го на 16 топчиња. По желба можете да направите уште помали топчиња.
  3. Сплескување на топчињата3.Секое топче со раце сплескајте го.
  4. Кашкавал4.Врз секое сплескано топче ставете коцка кашкавал ајдамер и затворете го.
  5. Сланина5.Секое топче наполнето со кашкавал завиткајте го со парче сланина. Боцнете го со чепкалка за да не се распадне.
  6. Пржење6.На загреано масло за готвење, пржете ги питулиците, внимавајќи да бидат добро испржени од сите страни.
  7. Гризната питулица7.Питулиците оставете ги на кујнска хартија да ја впијат вишокот маснотијата и сервирајте ги топли. Добар апетит.