Какво олеснување драги мои обожаватели на пиво! Само што разбрав дека еден проблем кој долго време ги притиска ваквите вљубеници во пиво како нас е конечно решен. Јапонците измислиле специјална кригла за пиво која има мал додаток во рачката, па секогаш кога ќе се притисне тој додаток, се создава пена, и изгледа како пивото тукушто да било ставено во чашата. Фантастично нели, особено за оние кои си сакаат пена :).

И ете, за само 22,5 долари од овде можете да си ги нарачате криглите за правење на пена и да бидете ем тренди, ем модерни, ем шизици, а истовремено и на сите да им покажете колку пасионирано си го сакате пивцето со пена.

Што повеќе да кажам освен – алал да им е на ова Јапонциве! Точно знаат што најмногу ни фали во животот  :). Само се мислам дали да им пишам да вклучат некако и автоматско ладење на криглата, за да биде ладна постојано….само уште тој мал детал и се ќе биде совршено :).