Повторно нешто замесив и решив да го споделам со сите вас драги Мигустовци. Плетенки со афион кои освен што се превкусни, овозможуваат многу забава при нивното приготвување. Повикајте си помош и заедно „сплетете“ плетенчиња.

Плетенки со афион

By Тетка Биберче Published: December 11, 2012

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 55 mins

Повторно нешто замесив и решив да го споделам со сите вас драги …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на фил од афионово семе1.Во сад, на оган, растопете го путерот заедно со млекото и шеќерот. Додадете го семето од афион, ванилин шеќер, цимет и рендана кора од еден лимон.
  2. Готов фил од мак2.Семето гответе го на среден оган, околу 5 минути или се додека не ја впие течноста и се добие потребата густина.
  3. Суви сосотјки за подготовка на тестото3.Во пластичен сад, измешајте ги сите суви состојки за подготовка на тестото. Измешајте ги добро за да добиете хомогена смеса.
  4. Подготвка на тестото4.Јајцата изматете ги со маталка па во садот додадете јогурт, млеко и масло за готвење.
  5. Готово тесто5.Двете смесите помешајте ги и месете се додека не добиете убаво мазно тесто. Покријте го и оставете го да нарасне
  6. Пресечено тесто6.Тестото поделете го на две теста. Секое поделено тесто повторно поделете го на други шест дела.
  7. Тесто наполнето со мак7.Парчињата тесто исукајте ги и во средина ставете од претходно подготвениот филот.
  8. Стапчиња за плетенка8.Преклопете ги краевите, притиснете ги за да се залепат и нежно ролувајте го за да добиете тесто со заоблена форма.
  9. Испреплетени стапчиња - Формирање на плетенката9.Од две парчиња наполнето со фил тесто формирајте плетенка (двете теста се испреплетуваат) и краевите спојте ги.
  10. Спремна плетенка за печење10.Намачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со шеќер и семе од афион и оставете ги малку да нараснат.
  11. Пресечена плетенка11.Печете ги во загреана рерна на 220 степени, околу 5 минути, потоа намалете на 180 степени и печете уште 25 минути.