Има ли нешто поубаво од топло и крцкаво свежо лепче? Право да ви кажам и има – лепчето да е ПОСТОЈАНО топло и крцкаво. Морам да признаам дека не купувам често леб, ама никако да му одолеам кога ќе отидам во некој од поголемиве маркети, па кога пред мене ќе го извадат од печка. И нормално, го земам, го ставам во ќеса, и додека стигнам до дома, се спурил, се оладил и не личи на она што бил!

Затоа оваа плоча за топлење на леб е одлична. Значи, колку и да ви е оладен лебот, си го ставате на плочава и додека ја поставите масата, додека го принесете јадењето и додека ги наполните чиниите, лепчето е стоплено и изгледа како баш тогаш да било купено или уште поубаво – извадено од печка! Сигурно дека не е убаво, ниту пак здраво, да се јаде топло тесто, ама одвреме навреме навистина имам желба да си ја израдувам душичкава! Инаку, можете да ја најдете плочата за топлење на леб овде, а не ни нешто посебнно скапа…