Вчера со пријателките го искористивме влажниот бран да поуживаме малку во попладневно кафе и муабет без да зовриеме (вообичаено за недела, нели!). И седиме така, си правиме муабети, знаете она 5 жени собрани, па зборат ли зборат, крај нема. И во среде тој муабет, слушам едната почнува да се жали како за малку ќе се испечела и тоа добро кога ги цедела сварените компири за да направи пире за ручек.

Како тоа, и велам јас, за малку ќе се изгореше? Па зарем во денешно  време да паднеш на тоа дереџе, со сите помошни справи и направи кои ти служат баш за да немаш вакви проблеми?

А бе така, ми одговори, и да видиш дека и тоа е возможно…

Јас ја гледав збунето, морам да признаам, додека не ми објасни дека големата цедалка и била зафатена со салатата, а другата цедалка и била премногу мала за да може да ја искористи на тенџерето со компири. Ете, ми требаше некое време за да сфатам во што е проблемот, ама сфатив.

Специјално за мојата драга пријателка, а и за сите вас што се соочувате со слични проблеми, погледнете ја (а богами и нарачајте си ја што побрзо) оваа подесувачка цедалка за тенџериња, тавчиња, вангли и останати слични садови.