Ако уживате во друштво и често организирате разно-разни собиранки во вашиот дом или куќа, тогаш ваквиот сад за мраз на дување е вистинското нешто за вас. Ова чудо инаку е патентирано и се продава, ама навистина не знам која е логиката да купуваш нешто вакво кога можеш едноставно на децата да им кажеш дека денес е забрането играње во нивното базенче/чамче или нешто слично и културно да им го конфискуваш. Да, да, малку ќе плачат и ќе се жалат, ама некое денарче плус за сладолед би требало да им ги исуши солзите. А башка, што е малку плачење во споредба со ледено пивце постојано на дофат од раката, без да мораш да трчаш ваму-таму до кујна и назад по горештиниве. Е па, се исплати.

И така, за ова не ви кажувам да си го купите, ама чисто имајте си го во предвид како идеја следниот пат кога ќе ви дојдат многу  гости или кога ќе одите на пикник на Треска или во планина. А ако се мислите дали да го купите ова или базенче за децата, тогаш дефинитивно одете со ова бидеќи со цена од 5 долари, сигурно ќе излезе поефтино (макар што не сум сигурна за транспортот и поштарината, хммм!).