Во мојата фамилија, погачите заземаат посебно место. Сите ги обожуваме, па често се наоѓаат на нашата трпеза, особено кога имаме гости. Нивната подготовка не е тешка. Брашно, вода или млеко (или и едно и друго) квасец, сол шеќер, јајца, путер (масло). Меѓутоа, за да биде впечатокот поголем, многу е важна формата што ќе и се даде на погачата. Јас правам неколку видови, но мојата љубопитност ме натера да побарам на интернет други, поинтересни форми и се нафрлив на пребарување. Така, се сретнав со необичните форми на погачите што ги прави Валентина Зуркан (Цуркан). Решив и јас да се обидам да направам некоја од нив. Еве го мојот рецепт и начинот на подготовка.

Погача ала Валентина Зуркан

By Мама Лиле Published: February 7, 2014

    Во мојата фамилија, погачите заземаат посебно место. Сите ги обожуваме, …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготвено тесто1.Од сите состојки се замесува тесто кое е средно тврдо, повеќе наликува на тврдо тесто затоа што состојките се ладни. Тестото се оформува во топка и се става во сад, се покрива со пластична фолија и се сместува во ладилник на 1 ноќ. Токму заради тоа, ова тесто уште се нарекува „ладно тесто“. Во ладилникот тестото ќе нарасне но не така како што би очекувале кога би седело на топло. На габичките таа температура не им одговара, затоа бавно работат. Но тоа нека не ве загрижува.
    2. Тесто поделено на 4 дела2.Следниот ден, тестото се вади од ладилникот и се остава на соба температура околу 1/2 саат малку да се стопли но да остане и понатаму ладно. Тестото се дели на 4 еднакви делови.
    3. Расукани кори3.Секој дел се расукува кора голема околу 25-30 цм и се премачкува со тенок слој маснотија (јас користам маст). На ист начин се постапува со сите 4 кори. Четвртата кора не се мачка.
    4. Наредени кори една врз друга4.Корите се редат едни врз други, најгоре е не намачканата кора. Еден мал совет. Корите може да се редат на работната маса, врз хартија за печење, а потоа, откако се наредени да се префрлаат заедно со хартијата во тавата каде што ќе се печат. Вака припремената погача не смее да биде тенка, треба да биде дебела околу 2 – 2,5 см.
    5. Постапка на сечење на тестото5.Во средината на корите се став една чаша која ќе служи како граничник од каде треба да се сече тестото (средината треба да остане не пресечена). Од чашата па кон крајот тестото се сече на 8 еднакви делови. Понатаму, секоја осминка во средината повторно се засекува но не се оди со ножот до крај.
    6. Постапка на вртење на тестото6.Со помош на рацете, крајот од едната осминката се поткрева и се протнува, одоздола па нагоре, низ средниот отвор и повторно се враќа во првобитната положба, но веќе извиткана. Краевите може да се остават такви но може да се завиткуваат навнатре. На ист начин се постапува со преостанатите 7 осминки. Важно е да се има предвид дека протнувањето на тестото низ отворот треба да се прави внимателно и да не се дозволи тестото да се залепи со соседните делови. Ова се прави полесно кога тестото е ладно и е истовремено малку потврдо.
    7. Подготвена погача7.Откако се протнати и измотани сите 8 осминки, погачката се покрива со пластична фолија (за да не се создаде кора) и се остава да кисне. Можеби ќе ви се чини дека погачата бавно расте, но не заборави, таа е ладна. Ако ја ставите во рерна на 50 степени ќе нарасне побргу.
    8. Погача ала Валентина Зуркан8.Откако погачата нараснала, се премачкува со јајце и тоа по можност двапати, се посипува со сусам, ким или друго и се става во ладната рерна (ако сте ја киснеле погачата во рерната, таа е веќе загреана на 50 степени – тоа не смета) и дури тогаш рерната се вклучува на 200 степени. Погачата се пече додека порумени и добие убава боја, околу 20 – тина минути