Од повеќето варијанти на приготвување на туна во конзерва, верувам дека ова е еден од најоригиналните…. крцкаво похувано, печено, здраво, вкусно и идеално за на трпеза.

Похувана печена туна

By А.А.З. Published: July 13, 2012

    Од повеќето варијанти на приготвување на туна во конзерва, верувам дека …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во загреано тавче на масло запржете го ситно исечканиот кромид и лук.
    2. 2.Туната исцедете ја и префрлете ја во друг сад, додадете го и изгмечениот компир, лажица сенф и зачинете со куркума, сол и црн пипер. Во смесата додадете ги запржениот кромид и лук.
    3. 3.Од смесата формирајте плескавици, во средината додадете рендан кашкавал и формирајте топчиња.
    4. 4.Топчињата прво провалкајте ги во брашното. Јајцето изматете го со виљушка во подлабока чинија, а потоа секое топче од туна натопете го убаво со јајцето и провалкајте го во презлата.
    5. 5.Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна околу 20 минути. Послужете ги со сечкани маслинки, мајонез, тартар сос или друг сос по желба.