Лиле често го приготвува овој деликатес со тиква во растурена форма, но овојпат реши да ја направи полнета. И верувајте не погреши воопшто. Ние ја пробавме одлична е, а сега вие сте на ред.
Полнета тиква
By March 9, 2013
Published:Лиле често го приготвува овој деликатес со тиква во растурена форма, но …
Ingredients
- 1 тиква
- 300 г суво грозје
- 150 г микс од суво овошје (по ваш избор)
- 200 г јатки ореви
- 2 киви
- 1 банана
- 1 портокал
- 1 лажица цимет
- мед и шеќер (по вкус)
Instructions
- 1.Пресечете ја тиквата одозгора кај рачката и тргнете настрана, ќе служи за капак. Со лажица убаво извадете ги семките. Премачкајте ја со мед.
- 2.Состојките за полнење исечете ги, додајте циметот, шеќерот, измешајте и наполнета ја тиквата. Поклопете со исеченеиот горен дел кој ќе служи како капак.
- 3.Завиткајте ја вака спреманата тиква во фолија, ставете ја во сад кој ќе го наполните со вода така што да зафаќа 1/3 од тиквата.
- 4.Ставете во рерната и нека крчка. При крај отворете ја фолијата и нека се подзапече.
5.Забелешка: -Мора да внимавате при изборот на тиквата - премерете прво дали ќе ви се собере во рерната. - Може да се полни и тиквата за печење, јас немав сега и наполнив од овие што гледате на сликата. - Количината на состојките е ставена од што мора да се напише, а слободно може изборот и количината да биде од око, но не пропуштајте ја бананата и кивите.. фантастичен вкус даваат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна