Одберете си некој зеленчук по ваша желба, а наша препорака се бабурите и наполнете ги со соја. Добивате превкусно вегетаријанско и здраво јадење. Со истата смеса можете да наполнете и компири, домати, па дури и да свиткате некоја сарма со листови од лоза.


За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа

Полнет зеленчук

vitalia

By Мигусто Published: May 22, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 1 hr 5 mins

Одберете си некој зеленчук по ваша желба, а наша препорака се бабурите и …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на зелечукот1.Потопете ја сојата со околу 400 мл врела вода и оставете ја да отстои.
  2. Исчистен зеленчук2.Бабурите, тиквичката и модриот патлиџан пресечете ги надолж на половина и наредете ги во тавче за печење, а ако ви остане простор, дополнете го со неколку шампињони на кои сте им ги извадиле рачките. Со лажичка извадете ја средината од тиквичката и модриот патлиџан.
  3. Зеленчук3.Останатиот зеленчук, вклучувајќи ја и извадената средина од тиквичката и модриот патлиџан исечкајте го на ситни коцки и ставете го да се пржи во подлабоко тавче на малку масло. Додадете ја и добро исцедената соја, и пржете додека водата од зеленчукот не испари, или околу 15-тина минути.
  4. Додавање на магдонос4.Пред да го тргнете тавчето од оган, додадете го мешаниот зачин, црвениот и црниот пипер, и малку ситно исечкан магдонос и добро промешајте.
  5. Зеленчук спремен за печење5.Со испржената смеса наполнете ги бабурите, тиквичката, модриот патлиџан и шампињоните. Измешајте го доматниот сос со 250 мл вода и залејте го тавчето околу полнетиот зеленчук.
  6. Полнет зеленчук со соја6.Печете во загреана рерна на 200 степени околу 1 час, или додека тиквичката не омекне (боцнете со виљушка за проба). Декорирајте со малку ситно исечкан свеж магдонос и послужете додека е топло.