Нема ништо повкусно од тоа да го наполните вашиот омилен зеленчук и да си спремите супер јадење. Овие бабури се спремаат многу брзо, таман да си ги приготвите во моментите кога немате идеја што да каснете.
Полнети бабури со кашкавал
By August 27, 2013
Published:Нема ништо повкусно од тоа да го наполните вашиот омилен зеленчук и да си …
Ingredients
- 4 бабури
- 100 г кашкавал
- 2 јајце
- 50 г презла
- 100 г шунка
- 50 мл млеко
- малку сол, црн пипер
- малку магдонос
Instructions
- 1.Кашкавалот изрендајте го. Ставете го во сад и помешајте го со презлата, јајцата, млекото и ситно исечканата шунка. Ставете сол и црн пипер и некој зачин по ваша желба.
- 2.Бабурите пресечете ги на половина, исчистете ги од семка и наполнете ги со подготвената смеса.
- 3.Загрејте ја рерната на 200 степени. Бабурите ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20 минути.
- 4.Откако ќе се испечат одозгора ситно исечкајте магданос за декорација. Добар апетит.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна