Едно од највкусните традиционални јадења-полнети бабури но овој пат во малку поинакво издание. Наместо со мелено месо, бабурите ги наполнив со печурки и макарони. Превкусна вегетаријанска комбинација која топло ви ја препорачувам.

Полнети бабури со печурки и макарони

By Тетка Биберче Published: October 26, 2012

    Едно од највкусните традиционални јадења-полнети бабури но овој пат во …

    Ingredients

    Instructions

    1. Исчистени бабури1.Бабурите исчистете ги и пресечете ги. Ставете ги на плех за печење, посолете, запиперете,попрскајте ги со масло за готвење и печете ги се додека не омекнат.
    2. Запржем кромид2.Во тава, на оган, на малку масло за готвење, кромидот и лукчето исечкајте ги и запржете ги.
    3. Сварени макарони3.Во меѓувремено, макароните сварете ги според упатството на пакувањето.
    4. Запржени печурки4.Во тавата со кромид, додадете ги и исечканите печурки и 130 мл вода. Гответе се додека не печурките омекнат.
    5. Печурки со сос5.Кога ќе омекнат печурките, додадете ја павлаката, промешајте и тргнете ја тавата од оган.
    6. Наполнети бабури6.Испечените бабури наполнете ги со подготвените печурки и макарони, а одозгора наросете пармезан.
    7. Чинија со бабури7.Вратете ги бабурите повторно во рерна само колку да се растопи пармезанот или околу 2 минути.