Малку поинаква верзија на познатите полнети бабури. Наместо со мелено месо, ова Мигусто варијација на тема е со тестенини. Време е да ја пробате оваа комбинација, ќе ви се допадне верувајте.

Полнети бабури со тестенини

By Тетка Биберче Published: September 11, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 45 mins

Малку поинаква верзија на познатите полнети бабури. Наместо со мелено …

Ingredients

Instructions

  1. Сварени тестенини1.Тестенините сварете ги според упатството на пакетчето. Исцедете ги и тргнете ги настрана.
  2. Исчистени бабури2.Бабурите измијте ги, пресечете ги и отстранете им ги семките.
  3. Зеленчук3.Шери доматите пресечете ги на пола а блитвата добро измијте ја.
  4. Мешан зеленчук4.На малку масло за готвење, запржете ги шампињоните, па додадете ги шери доматите и блитвата. Пржете неколку минути или се додека блитвата не омекне. Зачинете со сол и пипер.
  5. Паста со зеленчук5.Сварените тестенини помешајте ги со зеленчукот и смесата з полнење на бабурите е подготвена. Наполнете ги бабурите.
  6. Печени бабури6.Загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 20 минути се додека бабурата не почне да добива златно-кафена боја. Добар апетит!