Ако имате само 5 минути за да подготвите десерт, не грижете се. 5 минути се и повеќе од доволно време за да ги приготвите овие супер вкусни, и супер лесни полнети банани. Пробајте!
Полнети банани
By April 24, 2013
Published:Ако имате само 5 минути за да подготвите десерт, не грижете се. 5 минути се …
Ingredients
- 3 банани (не многу зрели)
- 100 г млечно чоколадо (или нутела)
- 150 г ореви (бадеми, лешници)
- 1 лимон
Instructions
1.Излупете ги бананите и исечете ја секоја на по три дела, а потоа секој дел пресечете го надолжно на половина.
2.Потоа со лажичка извадете ја средината на бананите за да направите простор за полнење.
- 3.Исцедете го лимонот и со сокот прелијте ги сите парчиња банани. Ова ќе спречи бананите да потемнат.
- 4.Оревите истолчете ги, исечкајте ги ситно или измелете ги. Растопете го чоколадото на пареа (ако користите чоколадо) и измешајте ги измелените/исечкани ореви во него.
- 5.Секое парче банана наполнете го со подготвениот фил, а одозгора испрскајте уште малку мелени или сечкани ореви.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна