Пакување кори, плус неколку додатоци, малку играње по кујна и добивате феноменални залачиња. Вкусни крцкави, хранливи. Ако на ова се спомене и нивниот примамлив изглед, тогаш нема што повеќе да се додаде.

Полнети корпички со блитва

By Гастронаут Published: December 3, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 30 mins

Пакување кори, плус неколку додатоци, малку играње по кујна и добивате …

Ingredients

Instructions

  1. Блитва со лукче1.Во тавче загрејте го маслото. Ставете го исечканото лукче и пропржете го. Додадете ја блитвата. Зачинете со сол и црн пипер. Тргнете го тавчето од огнот и оставете ја смесата да се олади.
  2. 2.На оваа смеса додате го кашкавалот, урдата, изматеното јајце и зачинете со оригано. Убаво измешајте за да добиете фил.
  3. Подготовка3.Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте ги модлите со малку масло. Од корите со формичка направете кругчиња. Секоја модла обложете ја со дупла кора и ставете една лажица од филот.
  4. 4.Печете околу 20 до 25 минути додека корпичките не добијат фина златна боја. Убав апетит.