Од мене рецептот, а на вас останува да го спремите и да ја одкриете тајната зошто кога се големи горештини сакам да го имам токму ова за ручек…
Полнети краставици
By June 25, 2013
Published:Од мене рецептот, а на вас останува да го спремите и да ја одкриете …
Ingredients
- 4 помали краставици (за полнење)
- 250 гр мелено месо (за краставиците)
- 50 гр ориз (за краставиците)
- 2 лажици мешавина Фант за сарма и пиперки (за краставиците)
- малку пушена сланина (за краставиците)
- 500 мл вода (за краставиците)
- 1 говедска коцка Подравка (за краставиците)
- 500 мл вода (за сосот)
- 1 гранче копар (за сосот)
- 1 лажица брашно (за сосот)
- 2 лажици сок од цеден лимон (за сосот)
- 100 мл павлака за готвење (за сосот)
Instructions
- 1.Краставиците олупете ги (ако сакате и нека се декоративни лупејки ленти една преку една) , издлабете ги. Оризот нека ви биде полуварен.
- 2.Сланината малку запржете ја. Додајте во меленото месо спремениот фантот растворен во малку вода, оризот, сланината и целото тоа измешајте, полнете ги краставиците.
- 3.Подлијте ги веднаш со врела вода и ставете на тивко да се варат околу 30 мин.
4.Сос: На малку зејтин испржете една лажица брашно, додајте во него 300 мл. од водата во која се вареа краставиците- варете околу 10 мин. Пред самиот крај додајте малку копар, лимоновиот сок и павлаката. При сервирањето додајте од овој сос....