Овој рецепт е многу едноставен и опасно вкусен. Можете да го комбинирате со варен зеленчук, ориз или компири во било каква варијанта, а ако баш не сте љубители на месо од мисирка, слободно заменете го со пилешки гради. И така ќе биде супер!

Полнети мисиркини гради

By Гастронаутка Published: February 1, 2014

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 1 hr 20 mins
  • Ready In: 1 hr 30 mins

Овој рецепт е многу едноставен и опасно вкусен. Можете да го комбинирате …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете тавче на оган, и на половина од путерот запржете ги исечканиот кромид, лук и јаболко околу 5 минути.
  2. 2.Тргнете го тавчето од оган, додадете го карито и лебот, зачинете со сол и црн пипер и се добро измешајте. Оставете да се олади.
  3. 3.Пресечете ги градите од мисирка надолжно да направите како џеп кој ќе се полни. Додадете го ренданиот кашкавал во смесата со јаболко и измешајте.
  4. 4.Со смесата наполнете ги градите и затворете ги добро со чепкалки. Ставете ги градите во малку намастено тавче, одозгора премачкајте ги со остатокот од путерот, попрскајте со сол и црн пипер и печете 15-20 минути. Потоа намалете ја температурата на 180 и печете уште еден час.