Колку пати ви се случило да почнете да пржите палачинки, а домашните не можат да дочекаат да бидат готови и ве напаѓаат во кујната на секоја минутка? Мене тоа ми се случува редовно, а собено кога ги правам овие полнети палачинки. Пробајте и вие!
Полнети палачинки
By June 21, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 40 mins
Колку пати ви се случило да почнете да пржите палачинки, а домашните не …
Ingredients
- 240 г брашно
- 500 мл вода
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка шеќер
- 60-80 мл масло за готвење
- 450 г урда (за фил)
- 2 жолчки (за фил)
- малку сол (за фил)
Instructions
1.Во подлабок сад, со помош на миксер, изматете ги јајцата, шеќерот, солта и брашното. Во смесата додадете ги млекото и маслото и уште еднаш убаво промешајте. Оставете да отстои околу 15 минути.
2.Во тефлонско тавче пржете ги палачинките, помалку од вообичаено, да останат бели. Ако тавчето ви е лепливо премачкајте го со малку масло.
3.Испржените палачинки оставете ги да се оладат. Во меѓувреме, подгответе го филот.
4.За филот: во сад, добро измешајте ја урдата (или сирењето) заедно со 2 жолчки и зачинете по вкус.
5.Филувајте ги палачинките. Ставете околу 2 лажици од филот врз испржената палачинка.
6.Преклопете го едниот крај, а потоа свиткајте ги и страничните делови.
7.Ролувајте ја палачинката така да добиете затворена полнета палачинка.
8.Во истата тава за пржење, на малку загреано масло, испржете ги палачинките (од двете страни) се додека не добијат златно-кафена боја.
9.Ставете ги врз кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија и сервирајте ги. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна