Петок е ден за нешто посно, а бидејќи вчера заборавивме да ставиме гравче, ќе мора да се снаоѓаме со нешто полесно и побрзо. За денешниот ручек избравме полнети печурки и капрезе салата.
Полнети печурки
By September 21, 2012
Published:Петок е ден за нешто посно, а бидејќи вчера заборавивме да ставиме гравче, …
Ingredients
- 20-25 големи свежи шампињони
- 1 главица (помала) кромид
- 1/2 тиквичка
- 1/2 пиперка
- малку масло за готвење
- малку сол
- малку црн пипер
- 1/2 кафена лажичка црвен пипер
- малку магдонос или други зачини по желба
- 30 гр кашкавал (по желба)
Instructions
- 1.Убаво измијте ги печурките, извадете ги рачките и исечкајте ги ситно.
- 2.Во тавче со загреано масло запржете го ситно исечканиот кромид околу 3-4 минути, а потоа додадете ги ситно исечканите рачки од печурките, пиперката, тиквичката и црвениот пипер. Пржете се заедно околу 4-5 минути.
- 3.Тргнете го тавчето настрана, додадете сол, црн пипер и другите зачини, и на крајот, додадете го изренданиот кашкавал или ситно издробеното сирење.
- 4.Наредете ги печурките во тавче премачкано со малку масло или врз хартија за печење и наполнете ги со приготвениот фил.
- 5.Доколку сакате, можете да додадете уште малку изрендан кашкавал одозгора.
- 6.Печете ги во загреана рерна, на 200 степени, околу 20-25 минути.
- 7.Забелешка: ако ви остане од филот, можете да издлабите неколку помали домати, да ја наполните половинката од тиквичката што ви остана, па дури и пиперката. Можете дури и да пропржите малку смрзнат мешан зеленчук на путер, како прилог.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна