Емилија Пендева ни послужи како инспирација за овој рецепт. Нејзиното омилено јадење се полнети пиперки, а еве ја нашата, малку поинаква варијанта на овој стар македонски рецепт. Се надеваме дека Емилија ќе го проба и ќе ни ги јави своите впечатоци.
Полнети пиперки
By July 13, 2013
Published:Сите ги сакаат, сите ги прават, ама ако сте од оние кои ги нервираат лушпите на пиперките, тогаш овој рецепт е совршен за вас.
Ingredients
- 12 црвени пиперки, испечени и излупени (од оние за ајвар)
- 350 гр мешано мелено месо
- 80-100 гр ориз
- 100 мл сос од домати
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 супена лажица магдонос ситно исецкан
- 1/2 кафена лажичка Вегета
- малку сол
- малку црн пипер
- 1 кафена лажичка мајчина душичка
- други зачини по избор
Instructions
- 1.Ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи во врело масло. Додајте го ситно исецканото или истолчено чешне лук.
- 2.Додека кромидот се пржи, сварете го оризот настрана. За оваа количина не е потребно повеќе од десетина минути варење.
- 3.Кога кромидот ќе добие златеста боја, додадете го месото и црвениот пипер и пржете со повремено мешање додека месото не ја промени бојата (повторно околу 10 минути).
- 4.Кога ќе се испржи месото, тавата се трга настрана, се додаваат вегета, сол, црн пипер, магдонос, мајчина душичка или било кои зачини по ваш избор, и на крајот се додава претходно сварениот ориз.
- 5.Пиперките се раскинуваат по должина и се подготвуваат за полнење.
6.Долж средината на секоја пиперка се распоредува смесата од месо и ориз, а потоа двете страни на пиперката се преклопуваат една врз друга (да ја покријат смесата).
- 7.Откако ќе се наполнат, се редат во тавче претходно убаво подмачкано со масло.
- 8.Пиперките се полеваат со сосот од домати (кој можете малку да го растворите со вода ако е премногу густ).
- 9.Се печат на 200 степени околку 30 минути (додека не добијат убава боја одозгора). Фантастични се со свежо печено домашно лепче.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна