Пиперки, бабури, тиквички. Се што е полнето го обожавам јас им моето семејство. Денес спремив пиперки кои излегоа фантастично.
Полнети пиперки
By June 19, 2013
Published:Пиперки, бабури, тиквички. Се што е полнето го обожавам јас им моето …
Ingredients
- 9-10 пиперки
- 500 г мелено месо
- 50 г сланина (исечена на коцки)
- 1 главица кромид (рендан)
- 2 чешниња лук
- 1 морков (рендан)
- 100 г ориз
- малку сол, црн пипер
- малку магдонос (ситно сечен)
- малку масло (за запржување)
- 1 ФАНТ за полнети пиперки и сарми
- 100 мл млака вода (за Фантот)
Instructions
- 1.На масло најпрвин го пржиме кромидот и морковот, потоа го додаваме меленото месото, лукчето и на крај го додаваме оризот и пржиме.
- 2.Мешавината фант ја мешаме со млака вода и неа ја додаваме кон меленото месо. Додаваме сланина и малку магдонос.
- 3.На пиперките им ги отстрануваме дршките, ги чистиме, ги полниме со смесата, и ги затвараме со парчиња домати или компири.
- 4.Ставаме малку вода во тавчето и печеме во рерна околу 1 час.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна